Ндерим Неџипи е нов спортски директор на косовскиот Балкани!

700

Не поминаа ни неколку дена откако се раздели со Кукс, каде што беше спортски директор, Ндерим Неџипи од денеска и официјално е на таа функција, но сега во тимот на Балкани од Косово. Клуб кој минатата сезона ја заврши на третата позиција на табелата во елитната лига на Косово.

Неџпи долго време, веќе неколку години работи надвор од мак – фудбалот. Некогашниот репрезентативец на Македонија, фудбалер на Шкупи, Вардар, Работнички, Шкендија и со успешна интернационалана кариера е многу почитуван во фудбалските кругови во Албанија и Косово.

При промоцијата на Неџипи за спортски директор на клубот, челниците на Балкани напоменаа дека тој ќе биде едно од најголемите засилувања за овој клуб ова лето.

Претходно“Лавовите“ стартуваа, Бајрами и Манев нови членови на стручниот штаб!
СледноДРУГАТА СТРАНА НА ЕУРО: Навивачка на Полска ги стави фудбалерите во втор план