Попзлатанов се раздели со РФС

784

Јован Попзлатанов повеќе не е член на тимот на РФС од Летонија. Интернационалецот не доби вистинска шанса во овој клуб, па летово одлучи да си замине.

Тој веше долго време и повреден, имаше руптура зад коленото, а по враќањето на терен, стручниот штаб не сметаше на него.
Затоа самиот Попзлатанов реши да побара да си замине од овој клуб и да премине во средина во која што ќе има полна минутажа.

Тој во Летонија замина од Вардар, каде што се промовираше во еден од најдобрите десни бекови/крила во Македонија.

 

ПретходноСтоле Димитриевски статистички е број еден на ЕУРО по две одиграни кола
СледноУнгарија и „откина“ бод на Франција (ВИДЕО)