Шпанскиот прволигаш Гранада го објави името на новиот тренер, а тоа е Роберт Морено. Тој потпиша договор на две години и дојде на местото на Диего Мартинес, кој реши да ја напушти позицијата откако го предводеше тимот до деветтото место во Ла Лига и до четвртфиналето во Лига Европа минатата сезона.
Иако има само 43 години, Морено има богато тренерско досие. Во последните 10 години тој му беше асистент на Луис Енрике во Рома, Селта, Барселона и во шпанската репрезентација. Во 2019 тој дури беше назначен и за селектор на „Фуријата“ и ја предводеше на девет натпревари на кои запиша седум победи и две ремија во квалификациите за ЕП 2020.
По враќањето на Енрике на кормилото на Шпанија, Морено реши да почне самостојна тренерка кариера и го водеше Монако во пролетниот дел од сезоната 2019/20.
Comunicado | Robert Moreno, nuevo entrenador del #Granada.#BienvenidoRobert #EternaLucha
— Granada CF ❤️⚪️ (@GranadaCdeF) June 18, 2021