Во понеделник на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, Македонија ќе го одигра последниот меч од групната фаза на Европското првенство. Шансите за осминафинале ги загубивме, па останува уште да одиграме квалитетно и со добар резултат да се збогуваме од шампионатот. Холанѓаните забележаа две победи и се веќе во осминафиналето, а сигурно ќе сакаат да останат перфектни.
Дуелот Македонија – Холандија ќе го предводи романскиот судија Истван Ковач. Тој е судија на ФИФА од 2010 година. Тој изминатите години судеше натпревари од ЛШ и ЛЕ, како и мечеви од квалификациите за СП и ЕП и од Лигата на нациите.