Саутгејт: Не сторивме доволно за да ги победиме Шкотланѓаните

407

Фото: Официјален Твитер профил на англискиот национален тим

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт призна дека неговиот тим не сторил доволно за да ја победи Шкотска и да дојде до втората победа на ЕП 2020 и со тоа да осигура осминафинале. Двата тима одиграа реми без голови на „Вембли“, оставајќи ги „Трите лава“ со еднаков број на бодови со Чешка, со која ќе играат во третото коло од групната фаза.

Вечерта беше разочарувачка за нас, но мора да им честитам на Шкотланѓаните за нивната упорност. Разбирам дека играме на Вембли, играме со Шкотска и навивачите сакаа да победиме. И ние сакавме да победиме. Но не е лесно да се коцкаш во последните пет минути и да ја изгубиш острината, а потоа и мечот. Ако не добиете натпревар, тогаш е важно да не го изгубите.

Замената на Хари Кејн? Ни требаше повеќе трчање. Имав чувство дека Маркус Рашфорд ќе ни ја даде таа енергија. Треба да се погледнеме себе си, вклучувајќи ме и мене и да играме подобро. Не сторивме доволно за да победиме на овој натпревар.

Дали ќе има промени против Чешка? Ќе видиме како се чувствуваат сите. Се подготвуваме за поинаков тип на противник и мора да донесеме правилни одлуки“, изјави Саутгејт.

ПретходноТака се станува ѕвездa – Прв меч и веднаш најдобар на терен!
СледноДемба Ба потпиша за клуб од Швајцарија