Никола Серафимов и официјално не е повеќе дел од тимот на Академија Пандев. Екс Македонскиот младински репрезентативец не е повеќе врзан со договор со Струмичани од летово, и може да си побара нова средина.
Приоритет секако дека ќе биде странство, затоа што Серафимов веќе три сезони како настапува во домашниот прволигашки шампионат.
Тој е дете на Вардар, таму и ја стартуваше сениорската кариера, а по краткиот во Пелистер, Јихлава и Брегалница Штип, вистинската афирмација ја доживеа токму во Академија Пандев.