Македонската ракометна Б-репрезентација денеска и утре ќе одигра два пријателски натпревари против Србија. Селекторот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров пред заминувањето за Ниш списокот го скрати на 18 имиња.
По дуелите против Србија, Лазаров ќе има појасна слика на кого се ќе може да смета во иднина. Предводникот на македонската репрезентација има една цел – смената на генерации да ја дочекаме подготвени, токму затоа во иднина ќе се работи со младите сили. Шанса ќе добијат оние кои на дело ќе покажат дека можат да бидат соодветна замена за поискусните ракометари.
Денешната средба се игра со почеток во 18 часот, додека утре мечот се игра порано, во 16 часот.
*Од овој список отпаднаа Никола Стоилевски, Иван Димитровски, Марко Митев, Павле Атанасијевиќ, Давид Савревски и Христиjaн Крстаноски.