Фенербахче со официјална понуда до Алиоски!

3029

Иако имаше шпекулации дека турскиот гигант се откажал од тоа да го ангажира ова лето Македонецот Езџјан Алиоски, денеска од Турција, но и од Англија, пристигнуваат информации дека Фенербахче испратил официјална понуда до нашиот репрезентативец. Засега не се открива за колкава сума станува збор, но дали Фенер малку задоцни.

Како што е познато, пред неколку дена челниците на Лидс му дале официјална понуда за нов договор на популарниот Џани.

Сега останува, по завршувањето на ЕП, за нас тоа ќе биде во понеделник по мечот со Холандија, Џани да одлучи која понуда ќе ја прифати.

Алиоски во изминатата сезона настапи на 36 натпревари за Лидс и успеа да постигне три гола.

ПретходноДРУГАТА СТРАНА НА ЕУРО: Навивачка на Полска ги стави фудбалерите во втор план
СледноПораз за Пешевски, победа за Миркуловски