Филаделфија славеше во Атланта и е блиску до полуфиналето

122

Кошаркарите на Филаделфија победија на гостувањето кај Атланта Хокс и изедначија на 3:3 во серијата па сега се во пол-позиција за пласман во полуфиналето од плеј-офот. Филаделфија славеше со 104:99 па следниот меч, кој воедно е мајсторка ќе го игра на свој терен.

Инаку „јастребите“ од Атланта во првата четвртина уфрлија дури 29 поени и имаа предност од седум поени, а Јанг до полувреме имаше 20 поени и седум асистенции. Но понатаму „Сиксерс“ возвратија и го свртеа резултатот.

Тре Јанг од Атланта имаше свое шоу со 34 поени и 12 асистенции но тоа беше недоволно за победа. Кај Филаделфија по 24 поени постигнаа Сет Кари и Тобијас Херис.

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ од Атланта го повреди коленото пред крајот на првото полувреме и не можеше да помогне.

ПретходноБорбените Шкотланѓани освоија бод против Англија на „Вембли“
СледноКлиперси победија и покрај негатива од 25 поени и првпат ќе играат во финале