Клиперси победија и покрај негатива од 25 поени и првпат ќе играат во финале

287

ФОТО: Официјален Твитер профил на ЛА Клиперс

Лос Анџелес Клиперс со резултат 131:119 ја победија Јута Џез во шестиот меч и се пласираа во финалето на Западната конференција. Верувале или не, Клиперс никогаш во историјата на франшизата не играле финале на Западот, односно во 51. година од историјата на клубот тоа не се случило.

Теренс Мен беше апсолутен херој со 39 поени, а одличен беше и Пол Џорџ со 28 поени, додека Реџи Џексон постигна 27.

Интересно, Јута имаше дури 22 разлика на полувремето, во еден момент и предност од 25 поени и тоа го прокоцка, па Клиперс, веројатно без Кавај Ленард, ќе игра финале на Западот со Финикс Санс кој ја почнуваат серијата без Крис Пол поради коронавирус.

 

ПретходноФиладелфија славеше во Атланта и е блиску до полуфиналето
СледноМеси асистира, Гуидо погоди, Аргентина го победи Уругвај (видео)