И покрај двата порази, и покрај тоа што се чини дека резултатски можевме и подобро, борбеноста, залагањето и “гинењето“ за светиот дрес, на Пандев и другарите, никого не остави рамнодушен. Сите се сложуваат дека “Фалангата“ направи супер атмосфера во Букурешт, а дека нашите момци воодушевија со тоа како се игра, како да ти е последно во животот, за Македонија.
Има многу коментари за тоа, но сепак водушевува еден од Србија во кој се велича капитенот и сите во нашиот репрезентативен табор.
Вреди да се прочита, секоја чест на авторот…