Убави акции, голови, два автогола, статива, пречка, шанси… Ова беше се што понудија актерите меѓу Германија и Португалија на натпреварот одигран во Минхен. Германија ја прегази Португалија, и само Патрицио и чудо ги спаси „гостите“ од дебакл и поубедлив пораз.
Германците имаа жесток старт, со две убави шанси, еден поништен гол, а во 15. минута „шок“. Контра на Португалија, прв напад и гол. Бернардо Силва до Жота, овој до Роналдо и топката е во мрежата на Нојер.
Но, Германците продолжија да ја играат својата игра. Па така во 35. минута го „натераа“ Диаш да си постигне автогол за 1:1, а веќе четири минути подоцна уште еден автогол, и уште еднаш натерани Португалците да си ја погодат својата мрежа, овој пат Гереро.
И кога се чинеше дека Португалија ќе се соземе во вториот дел, Германија продолжи да „гази“. Конечно, Хаверц успеа да погоди (беше блиску при двата автогола) и да зголеми на 1:3, а потоа и одличниот Госенс за целосен „бродолом“ на Португалија (1:4).
Диого Жота само успеа да намали, а во финишот Ренато Санчез ја погоди стативата и пропушти да донесе 3:4 и неизвесност. На другата страна Горецка погоди пречка.