Реал го купува Пау Торес, но дури следното лето

205

Реал Мадрид е во сериозен обид да го обезбеди потписот на дефанзивецот на Виљареал Пау Торес.

Сепак, трансферот на шпанскиот дефанзивец најверојатно нема да се случи ова лето. Дел од медиумите во Шпанија велат дека двете страни имаат заеднички договор, но 24-годишниот фудбалер ќе остане уште една година во дресот на Виљареал.

Тоа значи дека трансферот на Торес на „Бернабеу“ ќе се случи на стартот на сезоната 2022/23. Пау се проценува на 50 милиони евра.

ПретходноСкариоло со Пау Гасол оди на ЛОИ во Токио
СледноФрацузите со прекрасен гест, отпоздравија момче во болница пред мечот со Унгарија