Саутгејт не е вознемирен од свирежите на „Вембли“

155

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт не е загрижен за свирежите кои дојдоа од трибините на Вембли по ремито со Шкотска.

Домаќините не успеаја да создадат скоро ниту една добра шанса за гол, а sвездите Хари Кејн, Рахим Стирлинг и Фил Фоден беа видно уморни и надвор од ритам.

„Секогаш постои напнатост кога Англија не настапува на ниво и не го постигнува резултатот кон кој ситее имаат цел, но ние сме само на средина на турнирот. Ја разбираме реакцијата на навивачите, но нашата цел е да се пласираме во следната фаза и одиме самоуверено во таа насока“, рече тој.

ПретходноПоранешен шпански селектор стана тренер на Гранада
СледноШкупи посилен за Бујар Шабани