Унгарија и „откина“ бод на Франција (ВИДЕО)

524

Пред полните трибини на домашниот стадион, репрезентацијата на Унгарија направи вистински подвиг и успеа да одигра 1:1 против репрезентацијата на Франција на денешната премиера од ЕУРО шампионатот.

Во рамките од групата Ф, Унгарците успеаа да го освојат првиот бод на овој турнир, откако во првото коло беа декласирани од Португалија со 3:0.

Сега, одиграа машки, мотивирано и успеаа да го изненадат противникот. Стрелец на единствениот гол за домашните на овој меч беше Фиола во самиот финиш на првиот дел. Стадионот доживеа вистинска ерупција. Сепак, во вториот дел Франција успеа да израмни преку Гризман во 66. минута и за освои бод.

 

 

ПретходноПопзлатанов се раздели со РФС
СледноНа мечот Украина – Македонија беа срушени две традиции, а тука влегува и Алиоски!