Тимот на Шкупи продолжува во насоката која ја зацрта на стартот на овој преоден рок и комплетно го реновира постоечкиот играч кадар.
Најнов играч кој пристигнува на Чаир е иктернационалецот од Косово, Бујар Шабани, кој е играч од средниот ред.
Последен клуб на Шабани е тимот на Дрита од Гњилане, а претходно има настапувано и за екишите на Фероникели односно Албанскиот Скендербеу.
„Да бидам искрен, разговарав со многу познавачи на фудбалот за мојот евентуален ангажман во Шкупи, сите ми кажаа многу убави зборови, но клучна беше проценката од поранешниот фудбалер на Шкупи, Арсим Абази, кој ми рече дека ова е клуб со долга традиција и тим што освојува титули. Затоа не се двоумев да бидам дел од овој тим “, изјави Шабани.