Шпанија и во вториот меч на ЕП не победи, Полска “извлече“ бод во Севиља (ВИДЕО)

279

Шпанија – Полска 1:1, тоа е епилогот од вечерашниот меч во Севиља, меч од групата Е. По она реми со Шведска во првиот натпревар за “фуријата“ на ова ЕП, еве вечерва второ реми. Интересен, борбен, со многу шанси натпревар и неколку интервенции на ВАР.

Шпанците поведоа со голот на Мората во 28.минута. Прво судијата Орсато го поништи, но ВАР одлучи дека сепак голот бил регуларен. Полска израмни во 54.минута, преку Левандовски, кој се најде во идеална ситуација и успеа да го совлада голманот на Шпанците, Симон.

“Фуријата“ имаше можност многу бргу по голот на Левандовски да го врати водството. Се играше 57.минута кога ВАР одлучи дека имало прекршок врз Морено, иако претходно судијата Орсато не покажа на белата точка. Но по “интервенцијата“ на ВАР мораше.

Сепак бадијала, Морено од белата точка го погоди дирекот на Шчесни, а на одбиената топка натрча Мората и успеа да го промаши целиот гол.

Во последното коло, во кое ќе се решава кој ќе оди во 1/8 финалето, се среќаваат Шпанија – Словачка и Шведска – Полска. И сите се во игра, имено Шведска е прва во групата Е со 4 бодови, следува Словачка со 3, Шпанците имаат 2 а Полска 1.

ПретходноХеројот на Германците: Дресот на Роналдо? Денеска не му го побарав, оставете ме да уживам во победата!
СледноАметов ќе игра СВ Мепен