Македонија тренираше на „Јохан Кројф Арена“, подготвени за успех на збогувањето на Пандев (ФОТО+ВИДЕО)

722

Македонскиот национален тим попладнево го одржа официјалниот тренинг на легендарната „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам пред утрешниот последен дуел на ЕУРО против Холандија.

Во фокусот на вниманието беше Горан Пандев, македонскиот капитен кој најави дека утре за последен пат го облекува дресот на Македонија. Затоа и сите направија заедничка фотографија, фотографија за паметење за која еден ден ќе раскажуваат на своите идни генерации дека имале можност да бидат дел во селекцијата со една таква фудбалска величина.

Затоа, момци, утре за Македонија, за Горан Пандев и за први бодови на ЕУРО!


ПретходноВлезе во историјата: Алиоски е стрелецот на 300-тиот гол на Македонија!
СледноЕУРО 2020, ГРУПА „А“: Италија максимална, Швајцарија ја победи Турција но Велс заврши на 2. место (ВИДЕО)