Напаѓачот на македонската репрезентација Александар Трајковски го привлече вниманието на кипарски Аполон. 28-годишниот напаѓач кој игра на Европското првенство и тоа одлично се најде на радарот на клубот од Лимасол.
Според кипарските медиуми раководството на овој клуб планира да го повика фудбалерот на Мајорка после ЕП и да разговара за негов трансфер.
Трајковски играше за Палермо четири години, а потоа се пресели во Мајорка каде што не е во прв план.