Македонската ракометна Б-репрезентација денеска (16 часот) во Ниш ќе го одигра вториот пријателски натпревар против Србија. Избраниците на Кирил Лазаров на првата средба беа поразени со 29-26.
За разлика од нашата селекција, противникот настапи со поискусен состав, иако беше најавено дека ќе излезе со Б-селекција, што пак дава поголема тежина на играта на репрезентативците.
Предводникот на нашиот национален тим очекува добра игра од ракометарите, за кои имаше пофални зборови. Во овој момент најважно е сите да добијат на исуство кое понатаму и тоа како ќе биде добредојдено за вистинските битки.
На вчерашната средба прв стрелец во нашите редовите на Цветан Кузманоски со седум гола.