Влезе во историјата: Алиоски е стрелецот на 300-тиот гол на Македонија!

394

 

Од Зоран Чоко Бошковски па до Езџјан Алиоски. Според статистиката, според историјата на нашата фудбалска репрезентација, голот за 2:1 против Украина, бил вкупно 300-тиот во историјата на нашата репрезентација. Стрелец на тој јубилеен гол, одигран пред три дена во Букурешт, е Езџјан Алиоски.

Па така Чоко Бошковски на 13 октомври 1993 година во Крањ, против Словенија кога победивме со 4:1 на првиот историски меч на самостојна Македонија, беше стрелец на првиот  а  Алиоски по цели 28 години подоцна е стрелецот на јубилејниот 300-гол.

Кога сме кај бројките, мечот со Украина за нашата репрезентација беше 251. Досега имаме 77 победи, сме одиграле 63 нерешени, а сме загубиле на 111 натпревари.

Гол разликата е 300 постигнати и 337 примени голови.

ПретходноВиран Морос си оди од ПСЖ
СледноМакедонија тренираше на „Јохан Кројф Арена“, подготвени за успех на збогувањето на Пандев (ФОТО+ВИДЕО)