Дали утре за последен пат ќе ја води репрезентацијата: Ангеловски кандидат за тренер на Фенербахче!?

2058

Дали Игор Ангеловски, по цели 5,5 години, утре во Амстердам, за последен пат ќе ја води репрезентацијата на Македонија. Се знае дека тој има важечки договор со Фудбалската федерација на Македонија до 1 јули, и што ќе се случува потоа останува само на него, и се разбира на раководството на ФФМ.

Инаку од утринава наголемо во турските медиуми се пишува дека Ангеловски е еден од најсериозните кандидати за тренер на гигантот Фенеребахче. Дека во меѓувреме челниците на Фенер имале разговор со нашиот селектор, а дали тој ќе победи во “трката“ за стратег на клубот од Босфорот ќе знае за неколку часови. Имено газдата на Фенер, Али Коч, објавил дека во наредните часови, односно најдоцна до утре ќе се знае кој ќе биде новиот тренер на неговиот клуб.

Покрај Ангеловски, кој бил опција Б за Коч, во “игра“ бил и Славен Билиќ, но и уште неколку познати стратези од Европа.

ПретходноДимов: Се враќам на стартот на сезоната, и благодарам на Академија Пандев за се
СледноКристијан Костовски се врати дома