Големо, огромно засилување за тимот на Брегалница пред стартот на новата за Штипјани веќе прволигашка сезона.
Нивни член станува екс Македонскиот репрезентативец и искусен интернационалец, Даниел Мојсов, кој доаѓа во Штип откако го заврши својот долгогодишен престој во Кипар.
Мојсов има огромно искуство зад себе, смени неколку клубови надвор од нашите граници, и се враќа во домашниот шампионат по цела деценија.
„За нас претставува задоволство што добиваме големо засилување за новата прволигашка сезона. Се работи за искусен интернационалец, поранешен репрезентативец со богато интернационално искуство кој треба да донесе стабилност во тимот но и силен поттик за развој на младите фудбалери во нашиот состав“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.