Мемфис Депај е наујновата аквизиција на тимот на Барселона. По очајната сезона и големите турбуленции кои се случуваа, Холанѓанецот доаѓа како еден вид спасител на целата ситуацуија. Фантастичните игри во дресот на Лион го вратија повторно на врвот на светскиот фудбал, затоа што пристигнуваа многу критики на негова адреса по бледите настапи своевремено за Манчестер Јунајтед.
Сега, откако пристигна на Ноу Камп, Депај замоли за една единствена работа. Да биде нарекуван Мемфис, а не Депај како што всушност и му е презимето.
„Не сакам да бидам нарекуван така. Депај, ме потсетува на мојот татко, а тоа е последното што го сакам во моментов. Тоа е личност која што сакам да ја заборавам, не сакам да биде споменувана затоа што ќе повреди многу луѓе околу мене. Не сакам да се сеќавам што се се случуваше во моето дество. Тоа е личност која што низ годините неколку пати се обиде да ме исконтактира но јас не сакам ништо со него“ – изјави Мемфис.