Димитријевиќ: Жртвувањето, напорната работа ме донесоа таму каде што сакам да бидам!

573

Ненад Димитријевиќ од следната сезона ќе го гледаме во дресот на Валенсија. Македонскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со еден од најдобрите клубови во Лига Ендеса.

„Напорната работа, жртвувањето, болката, омразата, сомнежот, љубовта и поддршката од семејството, сето ова ме донесоа таму каде што сакам да бидам. Толку сум среќен што одам во Валенсија, супер-возбуден за новата сезона, едвај чекам да почнам“, напиша Димитријевиќ на својот „Твитер“ профил.

Димитријевиќ оваа сезона ја заврши со просек од 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции во шпанското првенство, и 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции во просек во европската лига.

Тој во редовите на Хувентуд дојде во 2012 година од Јуниор Скопје, беше дел од младинскиот тим, по што заигра за сениорите и прерасна во вистински лидер.

ПретходноМилвоки влегоа во финалето на Истокот
СледноЕнрике: Можеби бевме надмоќни, но тоа не беше доволно за победа