Диме Димов го имаше тохј пех да се повреди кога на Академија Пандев најмногу и бепе потребен. Страдаа лигаментите на коленото, една од најтешките повреди за еден фудбалер.
Зад стоперот е тежок период на операција, и рехабилитација но добро е што сето тоа е зад него. Престојуваше во Даруварске топлице, специјализирано место за рехабилитација од вакви повреди и работите одат во позитивен правец. Под будното око на тренерот Даниел Санто, Димов потполно се рехабилитираше и е подготвен да се врати на терен.
„Уф, тежок период е зад мене. Не сакам да се навраќам, сакам да гледам напред. Реално добро се чувствувам, веќе можам слободно да кажам дека сум подготвен да се вратам на терен и да стартувам подготовки со мојот тим Академија Пандев. Благодарност до клубот, до сите ракободни структури, а најмногу секако до Горан Пандев, што ми овозможи рехабилитација со највисок ранг. Ќе се оддолжам со добри игри во дресот на Академија Пандев, како што тоа одсекогаш и сум го правел“ – изјави Диме Димов за Спортмедиа.