Италија на Манчини израмни рекорд на непобедливост стар 82 години!

1128

Италија вечерва успеа да го израмни својот рекорд од далечната 1939 година, кога запиша 30 последователни натпревари без пораз. Рекордот кој е во сила цели 82 години, денеска беше израмнет со победата над Велс од 1:0.

Италија беше непоразена за 30 натпревари од 24 ноември 1935 година до 20 јули 1939 година. Во тој период, „азурите“ освоија три турнири, поточно Интернационалниот куп, Олимписките игри во 1936 година и Светското првенство во 1938 година. Тогашната Италија собраа 24 победи и шест нерешени натпревари.

Сегашната репрезентација предводена од Роберто Манчини е без пораз од 10 септември 2018 година, кога последен пат загуби од Португалија. Од тогаш следуваат 25 победи и пет нерешени натпревари.

ПретходноХрватот Азиновиќ е ново засилување за Брегалница
СледноКапитенот на Унгарија добил сончаница на мечот со Франција!