Балса Бановиќ, 23. годишниот Црногорски стопер кој доаѓа од тимот на Дечич е нов член на тимот на Македонија ЃП.
Откако предмалку беше промовиран Кристијан Костовски како нов напаѓач, тимот на Македонија ЃП се пофали и со Црногорецот кој има статус на поранешен младински репрезентативец.
Висок е 190 сантиметри и досега има настапувано покрај за Дечич, уште и за Будучност Подгорица, Ортрант Олимпик и ОФК Титоград.