„Лалињата“ со само две промени во стартните 11 ќе истрчаат против Македонија

996

Селекторот на Холандија, Франк де Бур на утрешниот меч со Македонија ќе излезе со скоро комплетниот стартен тим, без разлика што „лалињата“ обезбедија пласман во следната фаза.

Според холандските медиуми, Де Бур најавил само две промени во стартните 11 за дуелот со Македонија.

„Ќе има само две промени, но кои ќе бидат, ќе видите утре“, им рекол Де Бур на холандските новинари.

Логично е Мартен де Рон, фудбалерот на Аталанта, кој веќе доби жолт картон, да биде еден од играчите кои нема да започнат против Пандев и нашите момци, а вториот засега останува неизвесен. Де Бур потврди дека нема да ја менува формацијата и ќе продолжи во ист стил како и на средбите со Австрија и Украина.

ПретходноКапитенот на Унгарија добил сончаница на мечот со Франција!
СледноНојер може да биде казнет поради капитенската лента!?