Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски е нов напаѓач на Шкупи. Како што најави „СПОРТМЕДИА“ пред десеттина дена, Ѓорѓиевски денеска стави потпис на договор со чаирската екипа која продолжува да се подготвува во Охрид. Тој доаѓа на едногодишна позајмица со можност за откуп.
„Дојдов во Шкупи затоа што е голем клуб. За овие пет дена колку што сум тука можам да кажам дека се работи одлично, добро сум примен и ќе се потрудам да допринесам за успех на клубот. Се надевам дека ќе имаме успешна европска приказна и ќе бидеме успешни и во шампионатот“, изјави некогашниот фудбалер на Вардар и Борец.
Toj e играч на српски Вождовац, а минатата сезона беше позајмен во Раднички од Пирот.