Работел како касиер, сакал да биде полицаец, а стана германска ѕвезда на ЕП 2020

1616

Германија ја совлада Португалија со 4:2 на крилата на фудбалерот на Аталанта Робин Госенс. Левокрилниот офанзивен играч остави фантастичен впечаток на мечот со Португалците, во 35 минута по негова акција и асистенција Рубен Диас си постигна автогол, во 39 минута тој повлече напад по кој Португалците си постигнаа уште еден автогол. Во 51 минута Госенс се отвори на левата страна и шутираше по што Хаверц зголеми на 3:1 и девет минути подоцна се запиша во листата на стрелци.

Импресивен настап – ги освои срцата на германските навивачи.

РАБОТЕЛ КАКО КАСИЕР, САКАЛ ДА СТАНЕ ПОЛИЦАЕЦ

Таткото на Госенс бил полицаец.

Кога бев мал, татко ми ме носеше во полициска станица, ми ставаше полициска капа на главата и ми дозволуваше да ја вклучам сирената на автомобилот. Сакав еден ден да бидам како него, да работам како полицаец“, изјави Робин во интервју за „Спортвик“.

Професионалниот фудбал бил сон, и тоа далечен, додека полициската работа реалност. На 18 години Госенс играл фудбал во аматерски клуб во Холандија и работел како касиер на бензиска пумпа собирајќи пари за на Универзитет.

НЕУСПЕШНА АВАНТУРА ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД

Катастрофално завршил обидот на Госенс да влезе во У19 тимот на Борусија Дортмунд.

Се загревав и се прашував: „Што ли правам овде?“. Не сум навикнат на ваков ритам. Во Реда (неговиот претходен клуб) тргнувавме со тренирање на корнери, шутиравме на гол, игравме фудбал меѓу себе. Потоа ќе одигравме натпревари и правец дома. Тешки беа тренинзите. Физички исцрпувачки, а дојде на ред да играме натпревар. Се изгубив, премногу тактика, не разбирав што треба да правам. Потоа ми рекоа дека ќе ми се јават ако се ослободи место. Тие беа љубезни, но сфатив дека не припаѓам таму. Другите момци беа многу подобри. Јас бев “ѕвезда“ во Реда, а никој во Дортмунд“, изјави Госенс во интервју за „11Freunde“.

СКАУТ НА ВИТЕЗЕ ГО ОДНЕЛ ВО ХОЛАНДИЈА

Два тренинга неделно, посета на ноќни клубови во петок и сабота и натпревар во недела. Тоа бил животот на Госенс како играч на Реда и до своите 18 години. По една бурна саботна ноќ Госенс се појавил на натпревар следниот ден, а таму бил и скаут на Витезе.

Имав среќа што на трибините имаше скаут на Витезе, а јас одиграв добро. Тој ми пријде и ми порача да дојдам во Витезе. Јас сакав да станам фудбалер и видов дека тоа е шанса да се пробијам во професионалниот фудбал“, раскажува Госенс.

На 19 години Госенс дебитира во профи-фудбалот и тоа во Дордрехт каде што Витезе го испратил на позајмица.

НЕ САКАЛ ВО АТАЛАНТА

Госенс по една сезона во Дордрехт, се преселил во Хераклес каде што одиграл две сезони. Потоа директорот на Хераклес сакал да го продаде во Аталанта, но германскиот фудбалер не сакал да оди во Бергамо. Првите гласини за интересот на Аталанта биле во декември 2016 година, а италијанскиот клуб презел конкретни чекори по шест месеци.

Седев на плажа и телефонот заѕвоне. Од клубот ми рекоа да се вратам веднаш и да потпишам договор. Не зборував со никој од Аталанта. Ниту знаев кои се тие, ниту од каде доаѓаат. Агентот инсистираше да дојдам и да потпишам. Си велев: „Овој ќе си добие добра провизија од оваа зделка“ и му спуштив. Неколку минути подоцна ми се јави директорот на Хераклес: „Робин, се договоривме со Аталанта. Те чекаме на потпис на договорот“. Се вознемирив. Тие гледаат само да заработат пари.
Не одговорив ништо, го спуштив телефонот и уживав во одморот. Кога се вратив од одмор им реков дека не одам во Аталанта и го отпуштив агентот. По неколку денови ми се јави директорот на Аталанта. Ми одржа долг говор, ми презентираше планови, идеи и рече дека ќе ми биде убаво во Бергамо. Искрено не ми се веруваше. Аталанта беше меѓу лидерите во Серија А, а тие дошле токму мене да ме бараат. Отидовме со татко ми, гледавме еден меч, зборувавме со директорот. Тие знаеја се за мене. Татко ми ми рече дека ова е лудо но мора да се обидам. Така и се случи
“, изјави Госенс.

СТУДИРА ПСИХОЛОГИЈА, САКА ДА ИМ ПОМАГА НА СПОРТИСТИТЕ

Госенс ќе наполни 27 години ова лето, за себе вели дека се уште работи на себе и дека по завршувањето на кариерата сака да стане тренер но не во фудбалот.

„Сакам да отворам центар за психолошка поддршка на спортистите. Од лично искуство знам со каков притисок се соочуваат. Знам дека не сите успеваат да го издржат тоа темпо. Имам многу соиграчи од различни држави, од различни култури. На пример, оние од Јужна Америка се различни од Европјаните. Тие се смирени и не се потресуваат за ништо. Ме интересира да разберам зошто луѓето реагираат различно во иста ситуација“, вели Госенс.

ВО 2020 ГОДИНА ДЕБИТИРАШЕ ЗА ГЕРМАНИЈА

Госенс направи неверојатен развој во Аталанта. Очигледно му лежи овој клуб. Тој бргу се трансформира во главен мотор во екипата од Бергамо. А тоа не остана незабележано кај германскиот селектор Јоаким Лев. На 3 септември минатата година стартуваше на мечот со Шпанија во Лигата на нациите. Во мај 2021 Лев го вклучи во списокот за ЕП 2020. На 19 јуни беше ѕвезда на мечот со Португалија во триумфот со 4:2. Ја доби и наградата за играч на мечот.

Госенс никогаш не играл за бундеслигаш, а се проби до репрезентацијата. Преку Холандија до ѕвездите. Му се оствари она за што зборуваше дека е невозможно, стана професионален фудбалер наместо полицаец како татко му.

ПретходноАполон има желба – Трајковски!
СледноДаниел Мојсов е нов играч на Брегалница