Ренова многу бргу најде замена за Ненад Мишковски. Од денеска нов член на “гипсарите“ е Дарко Илиески (25), стоперот кој досега настапуваше за Пелистер.
Се разбира дека ова е големо засилување за четата на стратегот Ќатип Османи, имено Илиески важи за еден од најдобрите дефанзивци во нашата Прва лига.
Инаку Дарко Илиески има 25 години, прв клуб му бил 11 Октомври, потоа играше за Металург, Победа, Ширак, Тиквеш, Борец, Шкупи, Пелистер. Сега е член на Ренова.
Кога сме кај Ренова да споменеме дека овој тим од утре ќе биде во “погон“, имено утре стартуваат подготовките за наредната сезона.