„Фалангата“ се мобилизира во Амстердам (ФОТО)

3428

Македонската фудбалска репрезентација во Амстердам ќе го одигра последниот меч од историскиот настап на Европското првенство.

На дуелот против Холандија закажан за утре, Горан Пандев и останатите момци ќе имаат поддршка од трибините. „Фалангата“ почна да се „чекира“ во Амстердам, вчера беше во мала бројка, но денеска и утре македонските иселеници треба да пристигнат во поголем број.

Знамето е поставено! И овој град ќе биде обоен во „црвено-жолто“.

Македонските фанови во Букурешт беа во голема бројка, им даваа ветар во грб на фудбалерите, дебито на ЕУРО се славеше на големо, македонските песни ечеа во романската престолнина, ништо поразлично нема да биде ниту во Амстердам.

Со срце за Македонија!

ПретходноЕнрике: Можеби бевме надмоќни, но тоа не беше доволно за победа
СледноФернандо Сантос: Ако треба ќе се качиме и на месечината!