Формула 1: Верстапен триумфално на ГН на Франција!

185

Голема, голема победа на Макс Верстапен и Ред Бул на ГН на Франција попладнево на патеката “Пол Рикар“. Супер интересен финиш, имено Верстапен во претпоследниот круг успеа да го мине Хамилтон, до крајот ја задржа првата позиција и со тоа дојде до третата победа сезонава или вкупно 13 во својата кариера. Поважно е што Верстапен ја зголеми бодовната разлика на 12 бода во однос на Луис Хамилтон. Нема што, возачот на Ред Бул оди по титулата во оваа сезона во Формула 1.

На трето место заврши Серхио Перез, а чевртото место го освои Валтери Ботас.

ПретходноПосле осум години и 245 одиграни натпревари, Мишковски се раздели со Ренова!
СледноАгентот на Алиоски демантира интерес од ЦСКА Москва