Франк Де Бур: Македонија е гладна за успех, нема да ни биде лесно

376

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 18:00 часот на Амстердам арена го игра последниот меч од групната фаза на ЕУРО. По двата порази од Австрија односно Украина, Македонија сега ќе се сретне со домашната Холандија, која пак по првите две кола има максимален ефект.
Селекторот на „Лалињата“ Франк Де Бур, смета дека на него и на неговите избраници воопшто нема да им биде лесно против Македонија, затоа што се работи за незгоден противник, и затоа што како дебитант Македонија сака да освои бодови и да обезбеди поволен резултат.

„Македонија ќе даде се од себе за поволен реузлтат на овој меч. Да тие се елиминирани, но се дебитанти на едно големо натпреварување, и секако дека сакаат успех и бодови. Нема да ни биде лесно, затоа што видовме дека Македонија има квалитет, тие се учесници на ЕУРО. И Австрија и Украина се намачија со нив, тешко стигнаа до бодовите. Имам некои идеји за мечот против Македонија, можеби ќе ја промениме и формацијата“ – изјави селекторот на Холандија, Франк Де Бур.

 

ПретходноСекоја чест: Интер ќе го плаќа Ериксен без разлика што не може да игра!
СледноИ Раониќ се откажа од Вимблдон