Катар е следната дестинација на Хави Мартинез

976

32-годишниот играч за врска Хави Мартинез, чиј договор со Баерн Минхен заврши, ќе потпише договор со ФК Катар. Фудбалерот ја потврди веста на Инстаграм.

Хави Мартинез се приклучи на составот на Баерн во 2012 година. Во текот на својата кариера, Шпанецот играше и во Атлетик Билбао и Осасуна, а беше и дел од репрезентацијата на Шпанија од 2010 до 2017 година.

ФК Катар во последната сезона од катарскиот шампионат го зазеде шестото место.

ПретходноНојер може да биде казнет поради капитенската лента!?
СледноКапитенот со посебен говор им ја соопштил одлуката на соиграчите: Емоции, солзи и најава за други повлекувања!