Гвардиола решил да го купи Грилиш, па дури и по цена да го урне рекордот во Премиер лигата

646

Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да го урне рекордот за трансфер во Премиер лигата, обидувајќи се да го договори капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.

25-годишниот англиски репрезентативец одигра одлична сезона со својот матичен клуб во Премиер лигата, а импресионираше и за време на ЕУРО 2020 на првите два меча за Гордиот Албион.

Според „Телеграф“, Сити има голема желба да го привлече 25-годишниот офанзивен играч за врска и се подготвени да и платат на Вила повеќе од 90 милиони фунти за него.

ПретходноКапитенот со посебен говор им ја соопштил одлуката на соиграчите: Емоции, солзи и најава за други повлекувања!
СледноРајо Ваљекано без Димитриевски обезбеди промоција во Ла Лига