ЕУРО 2020, ГРУПА „А“: Италија максимална, Швајцарија ја победи Турција но Велс заврши на 2. место (ВИДЕО)

1098

Познат е конечниот расплет во групата „А“ на Европското првенство. Италија ја совлада и селекцијата на Велс со 1:0, и со седум дадени и без примен гол продолжува во 1/8 финалето со максимален број на бодови. Стрелец на голот беше Песина во 39. минута. Манчини се реши да им даде шанса на неколку резервни фудбалери, а одново „аѕурите“ ја сочуваа мрежата.

Швајцарија ја совлада Турција со 3:1, со убави голови. Сеферовиќ во раната фаза од мечот погоди, а до полувремето Шаќири постигна прекрасен гол за 2:0. Сепак, намали Кавечи со убав погодок, а потоа Шаќири по една супер акција донесе 3:1, но недоволно да се стигне до второто место на табелата, каде што е Велс кој има подобра гол разлика. Турција заврши без бодови. Швајцарија сега ќе ја чека разврската во другите групи за како третопласирана да оди во 1/8 финалето.

 

ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Италија – Велс 1:0
Швајцарија – Турција 3:1

ТАБЕЛА:
1. Италија 9
2. Велс 4
3. Швајцарија 4
4. Турција 0

ПретходноМакедонија тренираше на „Јохан Кројф Арена“, подготвени за успех на збогувањето на Пандев (ФОТО+ВИДЕО)
Следно„Војводи“ си пловат низ Амстердам и си пеат: „Македонија, Горан Пандев…“ (ВИДЕО)