Капитенот со посебен говор им ја соопштил одлуката на соиграчите: Емоции, солзи и најава за други повлекувања!

7475

На прес конференцијата пред утрешниот меч со Холандија, Горан Пандев потврди дека за него ова е последен натпревар во дресот со државните бои на Македонија. Големите се повлекуваат на вакви големи натпреварувања и затоа Пандев е голем ако не и најголем за фудбалот во нашата земја.

На тренингот фудбалерите го кренаа во раце својот капитен, затоа што ја разбраа веста и неговата одлука. Но сепак емоциите се случија пред неколку минути кога заврши последната вечера на Пандев со играчите како нивни капитен, лидер, миленик и легенда.

Капитенот имал посебен говор. Зборувал за минатото и сегашноста, но и за иднината. Неговите зборови биле и причината за солзи кај некои од фудбалерите, кај сите емоциите биле на највисоко ниво, а имало и такви кои најавиле дека ќе го следат неговиот потег и дека исто како и него ќе се повлечат од дресот со државниот грб.

Тоа го направил Иван Тричковски, додека Аријан Адеми спомнал дека и пред првенството спомна дека е уморен, дека има многу повреди и дека размислува да стави крај на репрезентативната кариера.

Едно е јасно… Тоа е дека денешниот ден, но и утрешниот натпревар, ќе биде меч со многу емоции. Горан Пандев ќе го има својот последен танц како дел од нашиот национален тим. Го имавме и само бог знае дали некогаш ќе се роди таква големина.

Оваа генерација го достигна врвот и после ова ЕП во нашиот национален тим ќе треба да сврти нов лист со нови страници и предизвици. Треба да се застане на нозе и да се продилжи патот!

ПретходноКатар е следната дестинација на Хави Мартинез
СледноГвардиола решил да го купи Грилиш, па дури и по цена да го урне рекордот во Премиер лигата