Македонскиот национален тим попладнево го одржа официјалниот тренинг на легендарната „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам пред утрешниот последен дуел на ЕУРО против Холандија.
Во фокусот на вниманието беше Горан Пандев, македонскиот капитен кој најави дека утре за последен пат го облекува дресот на Македонија. Затоа и сите направија заедничка фотографија, фотографија за паметење за која еден ден ќе раскажуваат на своите идни генерации дека имале можност да бидат дел во селекцијата со една таква фудбалска величина.
Затоа, момци, утре за Македонија, за Горан Пандев и за први бодови на ЕУРО!