Повторно соборен рекордот за најмлад играч на ЕП

362

За репрезентацијата на Полска на мечот со Шпанија настапи Каспер Козловски кој стана најмладиот фудбалер во историјата на европските шампионати. Фудбалерот од средниот ред на клубот Погон го собори рекордот на англискиот напаѓач Џад Белингем од пред неколку денови.

Козловски настапи со 17 години и 246 денови, додека Белингем на мечот со Хрватска играше со 17 години и 349 денови.

За Козловски мечот со Шпанија беше само четврти во кариерата.

ПретходноФернандо Сантос: Ако треба ќе се качиме и на месечината!
СледноБ-репрезентација во нова пресметка со Србија