Македонскиот младински репрезентативец и интернационалец Амел Рустемоски следната сезона ќе го носи дресот на Вил.
Тој досега беше под договор со тимот на Грасхоперс, а одсега ќе настапува како полноправен член на Вил.
Тоа е клуб кој е доста амбициозен, и кој следната сезона ќе атакува на пласман во најдобрата фудбалска конкуренција на Швајцарија.
Рустемоски беше дел од тренинг кампот на У21 репрезентацијата на Македонија кој се одржа минатиот месец под водство на селекторот Благоја Милевски.