Средниот бек Димитар Ѓоргиевски останува во редовите на Бутел Скопје. Тој се обврза на двегодишна верност кон клубот за кого настапува веќе четири сезони.
„Задоволен сум од продолжувањето на соработката. Јас сум член на Бутел Скопје уште од формирањето на клубот и не гледам причина зошто би ја променил средината. Бутел има високи амбиции секоја сезона и сигурен сум дека можам многу да напредувам во кариерата овде. Се надевам дека следната сезона ќе биде поуспешна од оваа што заврши и дека ќе се избориме за место во европските купови“, изјави за официјалниот сајт Ѓоргиевски.
Претходно соработката со Бутел Скопје ја продолжи Бојан Блажевски, кој ќе има нов соиграч, Градимир Чаневски.