Мален и Гравенберх ќе бидат двете нови имиња кај Холандија за мечот со Македонија

329

Донијел Мален и Рајан Гравенберх ќе бидат двете промени во првиот состав на холандската репрезентација за денешниот дуел со Македонија. Оваа прогноза доаѓа од холандските весници, кои велат дека со нивното внесување во стартните 11 нема да се наруши системот на игра кој го форсира Де Бур, 5-3-2.

Мален ќе заигра наместо Вегхорст и со тоа ќе го формира напаѓачкото дуо заедно со Мемфис Депај. Неговата почетна позиција не е изненадувачка, бидејќи настапите на Вегхорст на првите два натпревари во групата не беа убедливи. Гравенберх ќе го заземе местото на Мартен де Рон, кој доби жолт картон на мечот со Австрија и со него Де Бур не сака да ризикува.

Останатиот дел од стартерите ќе остане непроменет, со што стартнот тим на „лалињата“ попладнево против Македонија би изгледал вака: Стекеленбург; Думфрис, Де Лигт, Де Врај, Блинд и Ван Анхолт; Гравенберх, Ф. де Јонг и Вајналдум; Мален и Депај.

ПретходноПандев досега двапати ги “тресел“ Холанѓаните! (ВИДЕО)
СледноВентспилс се откажа од играње во летонскиот шампионат