Фудбалерите на Перу ја совладаа Колумбија со 2:1 и ја искомплицираа ситуацијата во групата „Б“ на Копа Америка. Перу сега има три бода од два натпревари, а Колумбија е со четири бода од три одиграни натпревари.
Перуанците поведоа со голот на Серхио Пења во 17. минута, додека во 53-та минута Галес направи пеналот по кој Мигел Борха израмни на 1:1.
Во 64. Минута Мина си постигна автогол со кој на крајот трите бода им припаднаа на Перуанците.