За последен пат, со многу емоции, од срце, како и секогаш во изминатите 121 пат кога играше за Македонија. Горан Пандев за последен пат ја пееше химната на Македонија како играч.
Одекна и сега “ Денес над Македонија се раѓа“ ечеше на “Јохан Кројф Арената“ во Амстердам.
Ајде Горане, по 122 пат, за последен пат, уште еднаш израдувај ја Македонија.