Досегашниот халф на Милан, Хакан Чаланоглу ќе се пресели во соседскиот клуб Интер. Ова го потврди и самиот фудбалер за турската телевизија „ТРТ спорт“.
„Да, постигнав договор со клубот. Утре летам во Милано за да го потпишам договорот“, изјави Чаланоглу.
Турскиот репрезентативец ќе го засили италијанскиот шампион како слободен играч откако реши да не го продолжи договорот со „росонерите“. Понудата на Интер била подобра, договор за три сезони и плата од 5 милиони евра плус 1 милион во бонуси.