Ангеловски: Ова е моја последна прес-конференција

937

Македонија изгуби и од Холандија (0:3) и со три порази го напушта ЕУРО 2020.

Селекторот Игор Ангеловски изрази благодарност до своите помошници и до фудбалерите на чело со капитенот Горан Пандев и додаде дека ова негова последна прес-конференција што значи дека по истекот на договорот на 31 јули ќе го напушти кормилото.

После ЕП кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕП и да ја почувствуваме убавината, не треба да бидеме разочарани ова е дебитантски настап и го пробивавме мразот“, изјави Ангеловски.

Ова е последна прес-конференција. Благодарност до целиот стручен штаб, медицинскиот штаб, за фудбалерите и Горан Пандев за се што направија до сега. Благодарност до семејството за поддршката, ова се моменти кои доживотно ќе ги памтам. Мојот договор со федерацијата завршува и ова е моја последна активност во репрезентацијата“, додаде Мрме.

ПретходноБарди: Горан многу ќе ни недостига!
СледноИконата си замина…кога цела “Јохан Кројф Арена“му аплаудираше на Пандев!