Атланта обезбеди финале на Истокот, Феникс почна со победа на Западот (ВИДЕО)

174

Во решавачкиот седми натпревар од полуфиналето во Источната конференција, утринава кошаркарите на Атланта славеа со 103-96 и ја елиминираа Филаделфија, себе си, обезбедиувајќи со место во големото конференциско финале.

За првпат од сезоната 2014/15, Атланта обезбеди конференциско финале, каде за противник го очекува тимот на Милвоки. Во решавачкиот натпревар, Кевин Хортер со 27 поени го предводеше тимот до победата над ѕвездениот тим на Филаделфија предводен од Жоел Ембиид, Бен Симонс и Тобијас Херис.

Треј Јанг овојпат додаде 21 поен за победа, вклучително и тројка кон крајот на регуларниот дел.

На Западот, Феникс Санс започна со победа во конференциското финале. На мечот против ЛА Клиперс, Санс славеа со 120:114. И без ѕвездата Крис Пол кој поради здравствени протоколи во врска со Ковид-19 не можеше да игра, Феникс победи предводен од Девин Букер кој постигна „трипл-дабл“ со 40 поени, 12 скока и 11 асистенции.

ПретходноРајо Ваљекано без Димитриевски обезбеди промоција во Ла Лига
СледноДонарума денеска ќе ги мине прегледите и ќе потпише за ПСЖ