Македонската фудбалска репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот меч на историското Европско првенство, за противник ја има селекцијата на Холандија.
Нашите момци на теренот ќе истрчаат со нови фризури, во Амстердам пристигна „бербер“ специјално за фудбалерите.
Денешната средба ќе биде поинаква од претходните две. Ќе биде емоционална бидејќи капитенот Горан Пандев го игра последниот меч во дресот на Македонија. Со оглед на тоа дека немаме шанси за пласман во следната фаза, нашите момци ќе влезат без притисок, атмосферата е опуштена, па токму сето ова може да биде доволна причина за уште едно блескаво издание на „рисовите“ за збогум на ова ЕУРО 2020, кое долго време ќе го паметиме.